Претседателот на Федерацијата на фармерите во Република Македонија-ФФРМ Андрија Секуловски денеска оствари средба со членовите на ФФРМ од Пелагонискиот регион на која се разговараше за актуелните планови и проблеми со кои се соочуваат фармерите од овој дел на државата.
Секуловски истакна дека серијалот средби се одржува во повеќе македонски градови од различни региони, а со единствена цел да им се помогне на фамерите во остварувањето на своите планови во 2013 година.
– Секој регион има свои специфики и проблеми со пласманот на произведеното. Посебно во Пелагонискиот регион има проблеми со сточарството и затоа правиме напори да обезбедиме поевтини производи со што ќе се амортизираат т.н. ценовни шокови. Констатиравме дека ситуацијата со откупот на тутунот, што е при крај, е мирна и севкупната слика е позитивна. Сметам дека продажбата на јаболката во Преспанскиот регион ќе се оствари во целост, бидејќи годинава имаме и повеќе ладилници, посочи Секуловски.
На средбата меѓу раководството на ФФРМ и пелагониските фармери што се одржа во Битола беше истакнато дека земјоделците и понатаму треба што повеќе да се организираат и здружуваат во кооперативи.
Извор: http://www.kurir.mk/republika/opstini/98845-Rakovodstvoto-na-FFRM-na-sredba-so-clenovite-od-Pelagoniskiot-region