Почетна / Вести Македонија / Пристигнати 2.700 пријави за штети

Пристигнати 2.700 пријави за штети

До Комисијата за елементарни непогоди во Прилеп се пристигнати 2.700 пријави за штети од невремето што го зафати Прилепско на 23 јуни годинава. По пријавувањето кое заврши во петокот сега комисиите се на терен и ги проверуваат пријавените штети.

– Најмногу, или 95%, од пријавите се за уништен род на земјоделски површини, пред се со тутун. Опфатени се околу 500 хектари. Пријавувањето заврши во петокот, сега комисиите се на терен и треба да ги изготват извештаите, а до 5 јули и комплетниот елаборат – вели Александар Неделкоски, претседател на Општинската комисија за елементарни непогоди.

Во побрзото изготвување на извештаите помагаат една стручна и уште 4 комисии кои се на терен. Деновите од петти јули главниот елаборат ќе го разгледува Комисијата за елементарни непогоди за, околу 12 јули, да се одржи седница на Советот на општина Прилеп кога советниците треба да го изгласаат. Потоа документацијата треба да се достави до владината комисија за елементарни непогоди. Владата ќе ја одредува висината на обештетувањето на земјоделците.

За време на посетата на Прилеп и средбата со земјоделците, министерот за земјоделство Љупчо Димовски нагласи дека лично ќе се заложи целата процедура да се заврши во што побрз рок за да се обештетат земјоделците. Тој ги повика земјоделците да го осигураат родот, за што Владата субвенционира 60%.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …