Почетна / Вести Македонија / При крај изградбата на зелен пазар

При крај изградбата на зелен пазар

Од средината на овој месец ќе биде пуштен во употреба зелениот пазар во Општина Кисела Вода лоциран на улица Франк Харкорд Манинг”.

Општината информира дека во моментов се поставуваат 40 тезги со настрешници за продажба на земјоделски производи. Пазарот ќе се простира на површина од околу 250 квадратни метри. Градежните работи ги врши “Бортас”. Во рамките на пазарот ќе има чешма за вода, тоалети, а ќе се обезбеди и пристап за возилата кои ќе ги доставуваат производите.
Во изминатиот период на оваа локација егзистираа неколку тезги за продажба на земјоделски производи, кои никако не можеа да ги задоволат барањата и потребите на жителите на Кисела Вода за земјоделски производи.

 

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …