Млекарницата Бимилк месецов се здоби со уште еден меѓународно признат стандард ИСО 14.001 со кој оваа реномирана македонска компанија покажа дека ги задоволува потребите за ефикасно решавање на проблемите поврзани со заштита, унапредување и управување со животната средина.
Придобивките од воведувањето на овој стандард се: постепено спречување на загаденоста и смалување на отпадот, заштеда на потрошниот материјал и енергијата и преземање превентивни мерки за сузбивање на евентуални еколошки катастрофи.
Овој сертификат е од големо значење за компанијата бидејќи е во согласност со интернационалните стандарди за работа и ја олеснува трговијата и извозот на нивните производи низ светот, а со тоа го зголемува и своето пазарно учество.
-Во своето долгогодишно работење Бимилк се покажа како компанија која постави стандарди за заштита и грижа за животната околина, а резултатот од таквите заложби е стекнувањето на сертификатот ИСО 14001. Во иднина ќе се стремиме да го подобруваме и промовираме системот за заштита на животната средина бидејќи на тој начин ги спречуваме и намалуваме ризиците од загадувањето. Овој сертификат отвора нови можности во нашата извозна политика, кои се надевам ќе ги искористиме, но истовремено и ќе ни создадат обврска за негово континуирано одржување – изјави Радмила Чобанова Василевска, директор на сектор за контрола на квалитет во Бимилк.
Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=DD914DE6E0AA6E42A4B0F04F64B1B40C