Регистрираните земјоделци и компаниите од општина Велес, чија приоритетна дејност е земјоделието, пројавија голем интерес за добивање на средства од програмата за финансиска подршка за рурален развој.
Во канцеларијата на Агенцијата е доста живо. Апликациите земјоделците, со помош на вработените, ги пополнуваат во канцеларијата на Агенцијата во Велес .
За добивање на средства од оваа програма земјоделците може да аплицираат по два основи. Првото по програмата 1,4 која е наменета за оние кои ќе аплицираат за добивање на средства за модернизација на земјоделската опрема или програмата популарно позната како 50-50. Вториот основ по кој може да се аплицира е програмата 1,6 инвестиција за преработка и маркетинг на земјоделски производи.
– Оваа програма и двете мерки се значајни бидејки директно ги стимулираат земјоделците да ја обноват сопствената земјоделска механизација. Тоа пак, влијае врз развојот на земјоделието за поголемо производството и поефтин земјоделски производ – рече Тони Тасков, раководител на Агенцијата за развој на земјоделието.
Земјоделците и компаниите од велешко апликациите може да ги поднесуваат до 28 декември годинава. Како и досега и овој пат, на земјоделците, неопходната помош околу пополнувањето на апликациите ќе им ја пружат вработените во Агенцијата. Инаку, досега средства од оваа програма во општините Велес, Чашка и Градско користеле педесетина земјоделци и компании за купување на нови земјоделски машини и за отварање на погони за преработка на земјоделски производи.
(С.А.)
Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=21063E9433652F45B3EB7837EE962AF2