Во рамки на проектот Отворени денови низ Македонијаа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство викендов во општина Илинден се одржаа две трибини и средби со земјоделците.
На средбите што се одржаа во просториите на општината и Домот на култура Кадиноо присуствуваа заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, како и претставниците од Државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.
Трибините беа искористени за разгледување на проблемите со кои се соочуваат земјоделците, а беше објаснета и процедурата за легализација на веќе изградените земјоделските објекти.