Презентација на проектот „Транснационална мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија од областа на сточарството и растително производство – AGRO STAR” денеска организира Федерација на фармерите на Република Македонија (ФФРМ).
Проектот е финансиран од Европската унија, од под програмата Транснационална соработка во Југоисточна Европа.
Целта на проектот, што ќе трае две години, е да се зголеми конкурентноста на малите и средни претпријатија и да се промовира и имплементира иновативно претприемништво преку одговарање на потребите за специфична поддршка на претпријатијата од областа на растителното производство и одгледување на животни со транснационален пристап.
Извор: kurir.mk