Интернационалниот натпревар во хортикултурна уметност кој се одржува во Монтреал, Канада е вистинско уживање за артистичките души и љубители на природата. Настанот има натпреварувачки карактер, а опфаќа креирање и монтирање на живи уметнички дела од растенија со листови во разни бои.
Изложбата е отворена на 22 јуни годинава и ќе трае до 29 септември во Ботаничката градина на Монтреал. За креациите се користат 22.000 видови растенија кои се распределени во 10 изложбени оранжерии и тематски градини.
Ние ви пренесуваме дел од овие убавини преку селекција на фотографии од најинтересните креации, а за повеќе ве упатуваме на Фликр.
Извор: kafepauza.mk