Почетна / Вести Македонија / Подвижна канцеларија во Неготино и Демир Капија

Подвижна канцеларија во Неготино и Демир Капија

Во населените места на општините Неготино и Демир Капија до средината на март ќе престојува подвижна канцеларија на Министерството за земјоделство, а заинтересираните ќе можат да ги добијат потребните информации од областа на земјоделството.

– Во местата каде што има до 200 жители канцеларијата ќе престојува еден ден. Два дена ќе биде на располагање во селата со 200 до 600 жители. Ако бројот на население е над 600 лица во некое населено место, таму канцеларијата ќе остане три дена – појасни раководителот на подрачната единица на Министерството во Неготино, Златко Пенков.
Подвижната канцеларија стартува во селото Црвени Брегови, а заинтересираните ќе можат да добијат евидентни листови за производство на тутун, да се запознаат со мерките за субвенционирање, руралната програма, актуелностите од сферата на земјоделството.
Во канцеларијата ќе работат најмалку по двајца вработени во подрачната единица, а по потреба дополнително ќе се вклучат и вработени од Агенцијата за поддршка на развојот во земјоделството и од Државниот инспекторат за земјоделство.

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …