Љубителите на пивото што ќе ја посетат пиварницата „Потс“ во Северна Германија имаат можност да преноќат во нејзиниот хотел.
Посебна атракција на хотелот се креветите направени од рециклирани дрвени пивски буриња од 19 век. Од оригиналните буриња се отстранети капаците, а страниците се дополнително зајакнати однатре за да може да спијат две лица.
До постелнината во рециклираното буре се качува со скали, а полукружниот таван дава уникатен ефект. Гостите на хотелот изјавиле дека има доволно место за две лица, иако, на прв поглед изгледа тесно.
Во хотелот и сауната е од пивски буриња, а од сауната до креветот секој гостин го чека чаша ладно пиво. Пиварницата „Потс“ постои од 1800 година, а пивските буриња трансформирани во кревети се користени за складирање и транспорт на пиво пред повеќе од сто години.
Извор: dnevnik.mk