Почетна / Вести Македонија / Поддржани измените на Законот за тутун

Поддржани измените на Законот за тутун

Од Буџетот на Република Македонија ќе се обезбедуваат средства за финансирање на активностите во примарното тутунско производство и за промоција на извозот.

Надоместокот што досега го плаќаа правните лица произведувачи или увозници на тутунски производи се укинува и ќе биде обединет во заедничка, комбинирана акциза со ист фискален ефект кој и до сега беше распределуван на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од државниот Буџет.

Ова се дел од измените на Законот за тутун и тутунски производи што денеска го поминаа второто читање пред собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, а треба да се донесат по скратена постапка.

Целта на измените е, пред се, ефикасна примена на правната рамка и нејзино усогласување со измените на Законот за акцизи кои исто така се во собраниска процедура.

-Од примената на новите решенија се очекува да се подобри и зголеми наплатата на надоместоците од правните лица кои увезуваат и произведуваат тутунски производи, рече ресорниот заменик министер Зоран Коњановски, образложувајќи го текстот.

Со измените се предлага и укинување на надоместокот на тутунските добра кој ќе се обедини со акцизата за тутунските производи.

Извор: kurir.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …