Почетна / Вести Македонија / Марокански скакулци ги нападнаа штипските села

Марокански скакулци ги нападнаа штипските села

Жители од штипските села Лакавица, Степанци, Лесковица, Суво Грло и Пухче се жалат дека нивите со тутун, домати, пиперки и лозје им се нападнати од скакулци.

Нагим Демирша жител на село Лесковица, кој веќе 15 години е тутунопроизводител вели дека има големи штети на тутунот.

-Овие скакулци веќе 20 дена ни го уништуваат тутунот, околу 80 семејства кои се занимаваме со тутун веќе имаме големи штети. Скакулците кои ги викаат „мароканци“ ни ги јадат листовите, значи нашата прва рака која е најквалитетна ја немаме, рече Демирша.

Скакулците кои се од типот „мароканци“ и се со кафеава боја, веќе 20 дена ги напаѓаат нивите на кои има тутун, раноградинарски производи и лозја.

Жителите од петте штипски села бараат Министерството за земјоделство да реагира и да изврши прскање, бидејќи досегашните нивни прскања против овие инскети се покажале како неуспешно.

Извор: kurir.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …