Буџетот е во добра кондиција и затоа Владата продолжува да ги поддржува земјоделците. Ова од Прилеп го порача вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, кој истакна дека од вчера е почната исплатата на субвенциите за поледелците.
– Исплативме субвенции за млекото, за овчарите, за сопствениците на говеда, а во текот на денешниов ден извршивме исплата на 352 милиона денари за поледелските култури, за пченица, пченка, јачмен, просо, детелина и за оризот – рече вчера Ставрески. Од завчера тече и исплатата на субвенциите за тутунот. Почна за кооперантите на пет откупувачи, а до крајот на неделава и за тутунарите на прилепскиот комбинат.
– Вкупно, на име субвенции за тутунот, Владата до крајот на неделава ќе исплати 26 милиони евра, 23 милиони исплативме вчера за сите освен три комбинати меѓу кои и прилепскиот. Тие ќе бидат исплатени до петок. До петок уште 3.500 кооперанти на прилепскиот тутунски комбинат ќе бидат доисплатени, со што целосно ќе ја заокружиме исплатата на субвенциите за тутунот – изјави Ставрески.
Извор: vecer.com.mk
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија