Она што започна како мала прослава посветена на цвеќето во далечната 1936 година во малиот град Зундерт во Холандија, прерасна во една од најстарите и најпосетуваните прослави од ваков тип во Европа.
Како и секоја година така и оваа, цветниот фестивал Bloemencorso на светот му претстави неверојатни скулптури и инсталации направени од цвеќе.
Иако Холандија е најпозната по лалињата, скулптурите се прават од далии кои се прикачуваат на основата направена од картон и жици. За да се направат вакви импресивни инсталации и скулптури е потребно навистина долго време, а во организацијата на овој фестивал учествува целиот град кој брои околу 20.000 жители.
Најстресни се деновите пред одржувањето на фестивалот, бидејќи цвеќето мора да биде свежо, па жителите деноноќно работат за да ги завршат инсталациите.Во рамки на фестивалот има и посебен натпревар во кој во просек учествуваат по 20 групи кои се натпреваруваат за наградата „најубава цветна скулптура“.



агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија