Почетна / Занимливости / Ова се најубавите села на светот

Ова се најубавите села на светот

Колкупати сте посакале да заминете  неколку дена на некое мирно и чисто место, каде ќе можете да се посветите на природната средина околу вас, уживајќи во миризбата на цвеќињата, дишејќи чист воздух и заборавајќи го стресот?

 

Ви ги претставуваме некои од најубавите села на светот.

6. Холандско село

Претставува одличен пример за добра организација и добар вкус на луѓето. Куќите се мали и збиени и изгледаат како совршено место за живеење.

5. Јапонско село

Освен што се едни од најстарите, селата во Јапонија претставуваат вистински пример за тоа како се одржува контактот со природата, употребувајќи природни материјали при градење на домовите. Јапонските села целосно се вклопуваат во своето опкружување.

4. Мароканско Бербер село

Претставува неверојатен пример за стилот на куќите што траат со векови. Направени од камења или кал, претставуваат доказ дека и покрај суровите животни услови, тие опстојуваат.

3. Селото Попај на Малта

Селото претставува туристичка атракција за сите обожаватели на цртаниот лик Попај, а идејата на жителите е навистина интересна.

2. Камено село во Англија

Претставува вистинско архитектонско чудо изградено од природни материјали. Улиците се полни со зеленило и разнобојни цвеќиња, а куќите потсетуваат на оние во кои живеат Штрумфовите.

1. Селото Бариачара во Колумбија

Своите традиции и верувања Маите ги пренеле и на жителите на Колумбија, а целото место претставува вистинска инспирација за секој посетител.

Извор: http://kajgana.com/ova-se-najubavite-sela-na-svetot

Check Also

Задолжително купете една од овие билки за свеж воздух во домот

Колку и да се грижиме за хигиената во нашиот дом, во него сепак постојат отрови …