Немирно спиеме поради страв ниските температури да не го оберат грозјето предвреме бидејќи ние сме сепак своевидна фабрика под отворено небо, реагираат лозарите од Тиквешко како најголем лозаровинарски регион во Македонија.
Магистерот по лозарство Диме Златев од Kавадарци смирува дека засега студот нема земено свој данок од тиквешките лозја и од росоманските праски.
– Во петокот изутрина во Росоманско беше измерена најниската температура во последните неколку денови, и тоа од минус 14 Целзиусови степени. Иако станува збор за екстремна температура за овој крај, таа с` уште нема штетно влијание врз лозјата и овошките. Kритична температура е минус 15 Целзиусови степени и тоа кај сорти на грозје што не се многу отпорни на ниски температури, како што е „кардинал”. Другите сорти издржуваат ниски температури до 16, 17 степени под нулата. Ако температурите се спуштат до минус 18, па и повеќе степени под нулата, тогаш веќе можеме да имаме помасовно оштетување на лозовите прачки – објаснува Златев.
(С.Д.)
Извор: http://dnevnik.mk/?ItemID=78DB0FD92FF8E5458B5E6E320B6FC656