Две меѓународни компании покажуваат интерес за влез во прилепскиот Тутунски комбинат, а веќе се бара стратешки партнер и за фабриката Еурокомпозитт.
Според премиерот Никола Груевски едната од нив е позната мултинационална компанија и во моментов се разгледуваат различни модели за оваа инвестиција. Тој рече дека од нивна страна се предлага да се формира компанија со заедничко вложување со државата и на тој начин да се подобри состојбата во комбинатот.
-По подобрување на состојбите тие би сакале да разговараат за целосно преземање. Што и да се случи, и оваа опција да биде, би било добро за Тутунскиот комбинат. Се уште сме во разговори и доколку завршат со успех, тоа ќе биде добро за Тутунскиот комбинат и за луѓето што работат таму – смета премиерот.
Се преземаат активности и за стратешки партнер за Еурокомпозит за што веќе е објавен меѓународен јавен повик. Целта е да ја обезбеди иднината на Еурокомпозит со компанија што е добро етаблирана во тој бизнис.
Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=96850CC30AD17D4989A4BA2A20461AE6