Почетна / Занимливости / Откријте го значењето на бојата на розите

Откријте го значењето на бојата на розите

Секоја боја на цветот има симболична порака. Љубов, романса, пријателство, симпатија, невиност… какво значење имаат боите на розите?!

Црвена- Љубов и романса

Еден од најуниверзалните симболи на љубовта е црвената ружа. Таа преставува искрени чувства, а се јавува и како политички и историски симбол. Секогаш е знак на искреноста.

Бела- Чистота, невиност, симпатија, духовност

Порано белата ружа била симбол на вистинска љубов, а сега е чест избор за правење на бидермаери, за венчавки. Белата преставува единство, чистота, радост на новата љубов. Белите ружи се поврзани и со чувството на чест и почит.

Розева- Љубов, благодарност, уживање

Розевата боја има конотација на елеганција и милост, поетична романтика. Темно розевата боја е одраз на благодарност, таа е традиционален начин некому со помош на цвеќе да му кажете „Благодарам“. Светлата нијанса значи негување на симпатија, восхитување.

Жолта- Пријателство, радост, оздравување

Жолтата боја е во тесна врска со симболот на Сонцето, жолтите ружи имаат намера да ги расположат луѓето. Тие праќаат порака за платонска љубов, без романтичен контекст како другите ружи. Изборот на жолта боја преставува радост и задоволство.

Виолетова- Љубов на прв поглед, величество, волшепство

Оваа боја се смета за кралска, благородничка боја. Ако добиете ружи со боја на лаванда да знаете дека вашиот избраник за вас мисли се најдобро, возвишено и прекрасно.

Портокалова- Желба, ентузијазам, страст

Тие се израз на маѓепсаност и зборуваат: „Горд сум на тебе“. Топлите, вибрирачки тонови на портокаловите рози симболизираат ентузијазам и сакање. Совршени се за покажување обожување и привлечност, со скриена порака за страст и возбудувања.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Задолжително купете една од овие билки за свеж воздух во домот

Колку и да се грижиме за хигиената во нашиот дом, во него сепак постојат отрови …