Поддршката и решенијата за оризопроизводителите, ја потврдија солидарноста и определбата на Владата кон земјоделците од регионот.
– Најодговорно тврдиме дека оваа поддршка е најголемата која Владата ја издвоила за оризопроизводителите, истакна на денешната прес-конференција Ставре Јанев, претседател на Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители на Македонија.
Последната одлука на Владата за субвенционирање по откупен или преработен килограм оризова арпа, како и со дополнителната субвенција за произведени количини на ориз на сопствени површини, посочи тој, се доказ дека и министерот Љупчо Димовски и ресорното Министерство заедно со Синдикатот и Кластерот за ориз, направија многу за оризороизводителите.
Јанев го истакна и учеството на земјоделски претставници од сите сектори во расправата при донесување на Програмата за земјоделство и рурален развој за перидот 2013-2017 година како и редовното учество на седуммина престатвници од кочанскиот регион во работата на подсекторската групација за житни култури и ориз при ресорното Министерство.
Тој остро реагираше на најавениот протест на група земјоделци оризопроизводители за утре пред зградата на општина Кочани, информирајќи притоа дека Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители в петок ќе одржи средба токму на тема ориз, производство, откуп и пласман со министерот Димовски во Кочани.
На прес – конференцијата Јанев најави можен протест во текот на нареднта недела кој ќе биде насочен кон откупните и преработувачки претпријатија заради непочитување на договорените обрски околу откупот,преработката и пласманот на арпата и белиот ориз.
Извор: http://kurir.mk/republika/opstini/93640-Orizoproizvoditeli-zadovolni-od-vladinite-merki-za-subvencioniranje-
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија