Единствени алкохолен пијалок, што претставува почеток на ерата на производство на скапоцено пиво…
За многумина пивото претставува еден од најефтините начини да се разладат за време на летните денови или пак за расположение за време на летото. Но, ова пиво се смета за вистински луксуз.
Станува збор за производ на фирмата “Sam Adams Utopia”. Оваа компанија по повод на 10 годишнината од постоењето, произведе несекојдневно пиво, кое содржи 27% алкохол.
Шишето од 0,7 литри од овој уникатен пијалак се наоѓа на пазарот по цена од 190 американски долари. Следната година ќе се продаваат само 20 илјади шишиња ширум светот.