Нов меѓународен успех на вината на винарската визба “Тиквеш”. Црвеното вино “Барово” од бербата 2011-та освои уште едно злато, а белите вина “Ркацители Спешл Селекшн” и “Бела Вода” од бербата 2012-та освоија сребрени медали на натпреварот “Les Citadelles du Vin 2013” кој се одржа во Бордо, Франција.
На годишново 13-то издание на овој реномиран вински натпревар се оценуваа 1.159 различни вина од 29 земји од светот. Вината беа оценувани од 60 експерти-дегустатори кои доделија вкупно 133 златни и 208 сребрени медали, во најголем дел на вината произведени во познатите вински земји: Франција, Шпанија, Италија, Австралија, Чиле …
– Нашето Барово” е единственото вино од Македонија и регионот кое е наградено со златен медал на овој реномиран натпревар. Тоа е уште една потврда дека и ние во Македонија знаеме и можеме да произведеме вино со врвен квалитет, достојно да биде рамо до рамо” со светската винска елита – изјави Игор Илиевски, генерален директор на ВВ Тиквеш”. Од почетокот на 2013-та година, на 9 значајни вински натпревари, винарницата Тиквеш” освои дури 42 медали и специјални признанија за квалитетот на своите врвни вина.