Почетна / Вести Македонија / Нови 40 тони канцерогено српско брашно задржани на граница

Нови 40 тони канцерогено српско брашно задржани на граница

Засилените контроли на граничните премини што ги вршат инспекциските органи на Агенцијата за храна и ветеринарство проследени со лабораториско испитување на пченката и производи од пченка на граничните премини и во внатрешниот промет, вродуваат со плод.

Стопирана е нова пратка од околу 40 тони пченкарно брашно од Србија која требала во два шлепери да влезе во Македонија. Во примероците земени од брашното инспекторите утврдиле присуство на афлатоксин над дозволените граници и поради тоа пратката е задржана и истата ќе биде вратена на српскиот извозник, или ќе биде уништена.
Во декември минатата година во земјава влегоа 40 тони увозно српско пченкарно брашно кај кои беше утврдено присуството на афлатоксинот. Од нив, само 10 тони беа пуштени во промет, од кои 8 тони се повлекоа, но околу 2 тона канцерогено пченкарно брашно веќе заврши на трпезите. Дел од ова брашно се продавало и на полиците во поголемите маркети низ Македонија.
Инаку, на граничните премини се уште важи забраната за пуштање на пратки со пченкарно брашно. (С.Бл.)

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=2A8F5A71EC10BA418261B1E3DDC8BFC8

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …