Почетна / Вести Македонија / Новаци подготви студија за наводнување на полето

Новаци подготви студија за наводнување на полето

Општина Битола во соработка со консултантската куќа „Поинт про“ и со финансиска поддршка на УСАИД изработи физибилити-студија за наводнување на новачко поле преку користење на хидросистемот на ЈП „Стрежево“-Битола.

За овој најнов проект на општина Новаци интерес покажаа стручни тимови на РЕK Битола, ЗK „Пелагонија“ и ЈП „Стрежево“, бидејќи е од стратегиска важност, како за локалната самоуправа, така и за стопанските субјекти чии капацитети се наоѓаат на подрачјето на нашата општина, посочи градоначалникот Лазар Kотевски.

– Изработката на физибилити-студијата ја финансира УСАИД со 10.000 долари со што уште еднаш се потврди нашата отворена соработка на различни проекти што се од интерес на граѓаните. Овој пат тоа го правиме во рамките на проектот „Експанзија на мали бизниси“. Со пренасочување на системот за наводнување најголема корист ќе имаат земјоделците што ќе ја зголемат својата ефикасност, а ќе ги намалат трошоците за своите земјоделски активности – вели Kотевски.

Презентацијата на првата верзија на физибилити-студијата за наводнување на новачко поле беше во функција на согледување на сите предности и слабости пред утврдувањето на конечната физибилити-студија со која ќе се овозможи реализација на проектот за префрлање на дел хидросистемот на ЈП „Стрежево“ за наводнување на земјоделските површини што се на подрачјето на општина Новаци, информираат од локалната самоуправа.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …