Царинските службеници минатиот викенд открија повеќе обиди за внесување на фалсификувана и непријавена стока на територијата на државата.
Во албански камион на граничниот премин Ново Село откриени се 4.400 кг ореви од кои 3.730 кг во лушпа и 670 кг лупени.
Камионот бил управуван од албански државјанин, а контролата била извршена откако била забележана разлика меѓу измерената и декларираната тежина во поднесените документи.
Стоката била наменета за фирма увозник од Албанија.
Извор: http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/96231-FOTO-Neverojaten-obid-za-sverc-na-orevi