Почетна / Вести Македонија / Нема државно земјиште за странци

Нема државно земјиште за странци

Странци не ќе можат да се стекнат со државно земјоделско земјиште во Република Македонија.

Ова го забранува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, по скратена постапка што го поднесе пратеникот Малиша Станковиќ, а го прифати Собраниската комисија за земјоделство.
– Во првиот член се забранува со земјоделското земјиште во државна сопственост да се стекнат странски физички и правни лица ниту на посреден начин, преку сопственост на удели и акции во процент поголем од 49%. Со право на сопственост на земјоделско земјиште за кој е склучен договор за купопродажба со Министерството, а врз кој е засновано право на залог, во постапка на извршување заради намирување на побарување на заложен доверител може да се стекнат само правни и физички лица кои ги исполнуваат условите за стекнување со право на сопственост на земјоделско земјиште во државна сопственост, предвидени со овој закон – појасни Станковиќ.
Во случај на продажба на акции или удели, без разлика на се, доколку надмине 49%, договорот за купопродажба на земјоделско земјиште е ништовен.
Ставот на опозициската СДСМ го пренесе пратеникот Панче Орцев, кој рече дека пратеничката група ќе ги поддржи измените на законот.
– Ние сме изразито против продажбата на државно земјоделско земјиште и сметаме дека државата треба да го задржи овој ресурс – изјави Орцев.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …