Почетна / Вести Македонија / Млекото Маестро е здраво!

Млекото Маестро е здраво!

Македонскиот институт за ветеринарна медицина го анализираше млекото Маестро” од истоимената млекарница, која се наоѓа во срцето на Јужен Банат во Србија, и потврди дека ги исполнува сите стандарди за здрава храна.

Од македонскиот увозник на ова млеко и млечни производи Монтенегро” д.о.о. Гостивар, велат дека со ова и документирано се потврдува дека македонските граѓани не треба да се плашат дека сите млека од увоз се неисправни.
– Покрај важноста за нашата компанија, овој податок е многу важен и за граѓаните на Македонија. Оваа анализа може да им ја врати вербата во нашите тврдења дека има здраво млеко во продажба, истакнуваат од Монтенегро” д.о.о. Гостивар. Млекарницата Маестро” е формирана 2007 година и за кратко време успеа да го спои традиционалниот начин на производство на млечни производи со модерните технологии.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …