Почетна / Вести Македонија / Македонија попушта под притисокот на Србија за пченицата

Македонија попушта под притисокот на Србија за пченицата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и министерот за надворешна и внатрешна трговија на Република Србија, Расим Љаиќ, денеска во Скопје оддржаа билатерален состанок на кој го потврдија заедничкиот интерес за понатамошно продолжување на позитивниот тренд на солидна трговска соработка со земјоделски производи помеѓу двете земји, објави ресорното министерство.

Во таа насока министрите се договориле за воздржување од воведување на дополнителни мерки кои би ја оневозможиле непречената трговска размена со земјоделските производи. На состанокот беа разменети информации и аргументи во врска со веќе воведените мерки на заштита на македонскиот пазар со пченица. Македонската страна изрази подготвеност за евентуална измена на времената мерка за условен увоз на пченица и брашно после надминување на нарушувањето на пазарот. Заради следење на состојбите на пазарот беше договорено да се одржуваат редовни консулатации помеѓу двете страни на неделно ниво.

Двете страни ќе овозможат и дополнителна институционална поддршка на економските субјекти за понатамошно унапредување на размената преку овозможување на директни контакти. 

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …