Почетна / Вести Македонија / Македонија ќе извезува вино под ознака “повардарски”

Македонија ќе извезува вино под ознака “повардарски”

До крајот на годинава Македонија ќе почне да извезува вина со заштитено географско потекло под ознаката повардарски”. Оваа географска ознака што е веќе дефинирана, најпрво треба да се регистрира во земјава, а потоа и во ЕУ.

– Македонските вина имаат добра репутација на Балканот, но се уште се недоволно познати во ЕУ. Градењето на репутацијата на “географски ознаки” создава позитивна перцепција и препознатливост на производите. Пробивот на странските пазари можеме да го градиме само со здружени сили и заеднички настапи и промоции на македонските винарии – изјави Владислав Попов, претседател на Здружението за заштита на географската ознака за вино “Повардарски”.
Според него, неопходно е најпрво брендирање на Македонија како винска земја од каде доаѓа квалитетно вино, а потоа поединечен пробив на секоја винарија на пазарот.

– Регистрирањето и промоцијата на “географски ознаки” ќе пружат огромна помош и поддршка во градењето на имиџот за Македонија како винска земја и ќе дадат “гаранција” на странскиот купувач дека виното произведено со одредена географска ознака е вино со специфични карактеристики од регионот каде се произведува – истакна Попов.

Фредерик Џулија, меѓународен експерт за вино – ФАО консултант, истакна дека доколку квалитетот на производот е постојан, доколку правилно се промовира “географската ознака” и доколку сите учесници во синџирот вклучително винариите и производителите на грозје споделуваат заеднички имиџ и приказна за производот, употребата на Географска ознака (ГО) на етикетите ќе создаде додадена вредност на виното.
– Со географскиот индикатор повардарски”, македонските вина ќе може да се борат на светската арена паралелно со вината од другите земји. Останува на производителите да ја прифатат, искористат и промовираат оваа алатка и да профитираат од тоа што го имаат – изјави Фредерик Жулие од ФАО.

Иницијатор за воведување на ознаката беше здружението Вина од Македонија” кое изминативе две години интензивно работеше со поддршка на ФАО и ЕБОР.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …