Министерството за финансии вчера исплати 5,5 милиони евра, односно 338 милиони денари субвенции на 9.055 земјоделци за повеќе мерки.
Исплатени се субвенции за продадени градинарски култури во преработувачките капацитети во вредност од 44,2 милиони денари на 1.541 земјоделец. За градинарско производство исплатени се 26,9 милиони денари на 1.347 лица. За контролирани услови на домати и пиперки исплатени се 9,4 милиони денари на 68 земјоделеци.
За житни култури со семенски материјал исплатени се 41,5 милиони денари на 615 земјоделци. За оризова арпа исплатени се 11,2 милиони денари на 643 земјоделци, додека за мерката одгледување ориз, сончоглед, пченка и фуражни исплатени се 6,76 милиони денари на 1.354 лица. Исто така, за мерката поледелски/житни култури исплатени се 2,3 милиони денари на 29 земјоделци. За поддршка на овоштарството исплатени се 63,3 милиони денари на 1.428 земјоделци, за поддршка на лозарството исплатени се 34,8 милиони денари на 53 лица. За сточарството исплатени се 37,9 милиони денари на 839 лица и тоа за мерките, а исплатени се и средства за мерките органско производство, осигурување и заштита на земјоделско земјиште.
– Со исплатата на субвенциите Владата и Министерството за финансии остануваат на определбата за поддршка на земјоделството како клучен сектор во македонската економија – се вели во соопштението.
Извор:vecer.com.mk