Почетна / Вести Македонија / Легализацијата на земјоделски објекти се пролонгира за една година

Легализацијата на земјоделски објекти се пролонгира за една година

Пролонгирање на законскиот рок за легализација на земјоделски објекти за уште една година, најави заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски .

– Со цел да им излеземе во пресрет на сите земјоделци и стопанственици, кои од една или друга причина во минатото изградиле бесправни објекти, Владата на предлог од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе измена во Законот за легализација на земјоделски објекти, штали и оранжерии и изврши пролонгирање на законскиот рок за уште една година. Во изминатиот период, според податоците од нашето Министерство, се поднесени вкупно 80 барања за легализација, од нив на 35 позитивно им е одговорено и сопствениците добија тапија за своите објекти, истакна заменик-министерот Коњановски. Надлежната комисија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по летните одмори ќе излезе на терен и ќе ги разгледа останатите 45 барања за легализација.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …