Државниот инспекторат за земјоделство во досегашните контроли нема идентификувано присуство на афлатоксини во пченката.
Како што соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, се преземаат интензивни мерки за надзор на пченката што доаѓа од Србија и воедно се засилуваат и контролите.
– Мострите од пченката за човечка исхрана се веќе земени. Првите резултати од анализите се очекуваат денеска попладне или во петок – истакна Рунтевски. Испитувањето на микотоксините е дел од регуларниот мониторинг на Агенцијата што оваа година почна првпат да се спроведува.
Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=BD80ACC470D88646BA093FCA9E50F977