Во организација на општина Чашка и ООУ „Лирија“ денеска во селото Горно Јаболчиште се одржа манифестацијата „Компиријада 2012‘‘.
На штандови без изложени познатите „јаболчишки“ компири и овчото сирење. Посетителите имаа можност да ги пробаат и локалните специјалитети со компир, сирење и домашна кора подготвени од вредните жени од селото.
– Манифестацијата годинава ја организираме со неодамна направениот асфалтен пат до селото, тоа е можност за во иднина на Компиријадата дојдат повеќе посетители, воедно и можност земјоделците полесно да ги однесат своите еколошки производи на пазарите во Велес и други градови, рече градоначалникот на општина Чашка Горанчо Пановски.
Земјоделците од Горно Јаболчиште се пожалија дека поради сушата годинава родот на компирите е далеку помал во споредба со минатите години. Сепак се задоволни и од овие приноси. Компирот на големо се продава по 25 денари за килограм, додека на пазарите од 30 до 40 денари.
Познатиот јаболчишки компир се произведува под планинскиот масив Јакупица, под Солунска глава и Лисец, на надморска височина од 1.500 метри.
Извор: http://kurir.mk/republika/opstini/91141-Kompirijada-2012-vo-Gorno-Jabolciste