Во близина на штипската Дестилерија прегазен е чакал, диво животно кое веќе 50 години не е забележано во Македонија од страна на ловџиите и сточарите.
– Зборуваме за многу штетен дивеч, зборуваме за предатор, кој се наоѓа некаде меѓу лисицата и волкот. Предатор кој што е интелегентен колку волкот, а брзо се размножува како лисицата. Функционира чопоративно на теренот и веќе приметуваме штети кај сточарството, а богами помеѓу двете пребројувања и намалување на зајачкиот дивеч, вели Јованов.
Тој потенцира дека е побарано ресорното министерство да го впише чакалот на листата на штетен дивеч и да се обезбеди награда за отсрел.
Последен пат отсрел на чакал е извршен во 60-тите години од минатиот век во близина на Дојран.
Извор: http://kurir.mk/republika/opstini/91028-VIDEO-Cakalot-po-50-godini-povtorno-se-pojavi-vo-Makedonija