Почетна / Вести Македонија / Ќе се градат пет нови вештачки акумулации за наводнување

Ќе се градат пет нови вештачки акумулации за наводнување

Ќе се градат пет акумулации со кои ќе се решава проблемот со наводнување на поголем опфат на површини во повеќе региони на земјава. Една од локациите ќе биде и во Прилеп. Ова го најави министерот за земјоделство Љупчо Димовски, при вчерашната посета на јавното претпријатие за наводнување “Прилепско поле”.

– Воспоставивме сериозна соработка со надлежните институции од Република Турција една од 5-те големи хидроакумулации кои со нивна помош ќе бидат проектирани и изградени, да биде во прилепскиот регион – рече министерот Димовски.

Говорејќи на оваа тема директорката на Водостопанство “Прилепско поле”, Гордана Тошеска истакна дека се разгледува можноста локацијата на новата голема акумулација да биде во близина на постојната изградена пред повеќе од 50 години која акумулира 6 милиони кубни метри вода и од која се наводнуваат 20-ина илјади хектари во плодното прилепско поле:
– Езерото во последниве 4-5 години постојано прелива по 3 месеци во текот на годината. Тоа не е искористена вода и затоа сакаме да се изгради една голема акумулација во близина на Вештачкото езеро, со што ќе се зголемат површините кои се наводнуваат за најмалку 20% – рече Тошеска.

До крајот на годинава се очекува да се изработи проектот, а следната година и да се распише тендер за избор на изведувач на работите кој ќе треба да ја изгради микро акумулацијата во близина на селото Селце, над Прилеп, која ќе има капацитет од околу 100.000 кубни метри вода за наводнување на површините во тој дел од прилепско поле.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …