Почетна / Вести Македонија / ФОТО: Во двор на охриѓанец порасна домат од еден килограм

ФОТО: Во двор на охриѓанец порасна домат од еден килограм

Охридскиот вид домат, познатиот „Охридски јабучар“,  веќе одамна е исчезнат од домашните трпези, но сепак во дворот на охриѓанецот  Борис Ѓорѓиоски, овие денови созреа џиновски домат од оваа сорта, тежок безмалку еден килограм, пренесува ohridnews.com.

Тој вели дека доматот е потполно еколошки израснат, додека на истиот корен имаше уште шест домати слични на него, помали за некои 100 грама.

Борис потенцира дека доматот воопшто не е прскан со пестициди или други заштитни средства, кои содржат хемикалии и можат да наштетат по човековото здравје.

-Не е израснат ниту со вештачко ѓубриво. Единствено е прихранет и испрскан против штетници со чај од варени коприви, а наводнувањето е со системот капка по капка со изворска или отстоена вода, која воопшто не содржи хлор, потенцира Ѓорѓиоски за ohridnews.com.

Тајната за овој џиновски и вкусен домат, како што објаснува охриѓанецот, се состои во навременото прскање со препаратот од коприва и навремено наводнување.

Извор: kurir.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …