Почетна / Вести Македонија / Ќе биде откупен вишокот на тутун во Велешко

Ќе биде откупен вишокот на тутун во Велешко

Министерството за земјоделство донесе одлука и последниот килограм тутун од Велешко да биде откупен. За таа цел се задолжени Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители на Македонија и откупните компании да извршат попис колкави количини вишок на тутун останаа неоткупени и од колку тутунопроизводители од регионот на општините Велес, Чашка и Градско.

Од Здружението на тутунопроизводители во Велес и во откупните пунктови во Чашка и Градско информираа дека само за два дена се пријавени повеќе од 180 тони вишок на неоткупен тутун од над 200 тутунопроизводители. Се очекува вишокот на тутун да изнесува околу 300 тони од околу 260 тутунопроизводители.

– По попишувањето на вишокот на неоткупен тутун, најмногу за петнаесетина дена, телефонски ќе ги информираме тутунопроизводителите кога и во која компанија да го предадат тутунот, информираат од Здружението на тутунопроизводители во Велес.

Во реонот на овие три општини под тутун минатата година беа засадени 1.050 хектари. Откупните компании Алијанска”, “Струмица Табак”, “Соцомак” откупија околу 1.650 тони квалитетен тутун. Остварена е просечна цена од 163 денари за килограм која збори дека квалитетот на тутунот бил добар. За годинава, повеќе од 2.000 семејства, колку што одгледуваат тутун, планираат површините да ги зголемат за 250 до 300 хектари. Моментално се прават леите и се врши подготовка на површините на кој ќе биде засаден тутунот.

Извор: kurir.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …