Почетна / Вести Македонија / Ѓорѓиев: Нема конкретен датум кога ќе се укине заштитната мерка за пченицата

Ѓорѓиев: Нема конкретен датум кога ќе се укине заштитната мерка за пченицата

Владата е фокусирана на подобрување на пазарот на пченица, засега нема конкретен датум, ниту рок кога ќе се укине одлуката за заштита на домашниот пазар на пченица.

Апелираме сите субјекти да покажат конструктивност, а се трудиме предизвикот заради кој беше воведена мерката да го надминеме во што пократок период, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
– Во овој период од кога мерката е воведена, Владата и сите државни институции се фокусирани на надминување на предизвикот што постоеше на пазарот со пченица за да се стекнат услови мерката да биде повлечена. Во овој момент мерката е се уште актуелна, а ние сме фокусирани на подобрување на пазарниот инструментариум, нагласи Ѓорѓиев.

Тој истакна дека над 70 проценти од домашното производство на пченица е дистрибуирано меѓу откупувачите. 
-Се трудиме тој процес да биде забрзан и во соодветен период да можат да бидат отстранети условите поради кои беше воведена заштитната мерка. Повеќе пати имаме разговарано со сите засегнати страни, кој и да побарал, сме дале информација базирана на аргументи. Очекуваме предизвикот да биде надминат во догледен период, потенцираше Ѓорѓиев.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …