Почетна / Вести Македонија / Продолжен рокот за аплицирање на ИПАРД

Продолжен рокот за аплицирање на ИПАРД

Со цел да им излезе во пресрет на потенцијалните корисници на парите од ИПАРД програмата, Платежната агенција го продолжи рокот за аплицирање до 30 септември.

Како што информираат од Платежната агенција ваквата одлука е донесена за подготовка на поквалитетни апликации, од страна на идните корисници, како и да се овозможи ефикасно искористување средства од Програмата ИПАРД 2007-2013.
Финансиските средства се наменети за инвестиции на земјоделски стопанства за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.
Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …