Почетна / Вести Македонија / Голем интерес за субвенции за млеко и осигурување на посевите

Голем интерес за субвенции за млеко и осигурување на посевите

Над 500 сточари од Кочани се очекува оваа година да поднесат барање за субвенции по литар продадено млеко.

Како што информираат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, од почетокот на овој месец започна пријавувањето на сточарите за субвенции по литар продадени млеко, кое ќе трае до крајот на овој месец, а за литар млеко сточарите ќе добијат по 3,5 денари.
– Барањата се поднесуваат во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделското производство во Кочани, а потоа од таму ќе бидат обработени во Подрачната единица на Министерството за земјоделство – изјави Влатко Минов, раководител на Подрачната единица во Кочани.

Според него, се очекува 500 сточари да поднесат барање за субвенции по литар продадено млеко.
– Се работи за продадено млеко во текот на месеците октомври, ноември и декември, во рамките на проектот Прва фаза за млекопроизводство 2013 – истакна Минов.

Истовремено во Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани трае и пријавувањето од страна на земјоделците за осигурување на земјоделските култури, за кој интересот годинава е мошне голем, во споредба со предходните неколку години.
Ова, истакнува Минов е од едноставна причина што земјоделците поучени од елементарните непогоди кои го зафатија подрачјето започнаа да ги осигуруваат земјоделските култури.
– Државата субвенционира 60% од парите за осигурување. Земјоделците најпрвин доаѓаат во просторите на Подрачната единица по соодветната потврда па потоа одат во осигурителните компании каде што прават полиса и повторно се враќаат кај нас и поднесуваат барање за субвенционирање – појасни Минов.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …