Со поддршка од АгБиз Програмата на УСАИД изминативе два дена во Струмица, ЦеПроСАРД во соработка со Министерството за земјоделство, организираше Тркалезна маса за Закон за квалитет на земјоделски производи и подзаконски акти кои ја регулираат областа на овошје и зеленчук.
Средбата беше наменета за претставници од членките на потсекторските групи за овошје и зеленчук при Министерството за земјоделство и по презентирањето на Законот и подзаконските акти за квалитет на земјоделски производи се одржаа состаноци на потсекторските групи за овошје и зеленчук.
Дополнително, во соработка со ФФРМ и МЦГ во рамките на настанот се одржа и сесија на која се дискутираше за подзаконските акти што недостасуваат за да отпочне процесот на признавање на групи на производители.
Потсекториските групи во кои учествуваат претставници на земјоделските организации, преработувачите и трговците на земјоделски производи, научните институции и претставници од МЗШВ, се организирана форма на дијалог преку кој заеднички се дискутираат и решаваат прашањата од интерес на земјоделските потсектори во насока на уредување на пазарите и зголемување на конкуреноста. Преку зајакнување на капацитетите на учесниците во вредносните синџири и претставниците на владините институции се воспоставија услови за континуиран дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор.
ЦеПроСАРД, во делот на активностите финансирани од АгБиз Програмата на УСАИД, изработи и електронска алатка како систем за редовна комуникација и размена на мислења на одредени теми и документи во потсекторските групи за овошје и зеленчук. Алатката ќе биде поставена на веб страната на Министерството за земјоделство.
Извор: vecer.com.mk