Почетна / Вести Македонија / ФФРМ и општина Гостивар потпишаа Меморандум за развој на земјоделството

ФФРМ и општина Гостивар потпишаа Меморандум за развој на земјоделството

Федерацијата на Фармери на Република Македонија (ФФРМ) и општина Гостивар денеска потпишаа Меморандум за соработка и заеднички настап во проекти подржани од европските фондови од ИПА и ИПАРД програмите.

Крајна цел ќе биде отворање центар за развој од кој корист ќе имаат фармерите од Македонија, Албанија и Косово.

Меморандумот за соработка го потпишаа Руфи Османи, градоначалник на општина Гостивар и Андрија Секулоски, претседателот на ФФРМ. Соработката според Османи и Секуловски е неопходна за унапредување на земјоделство и руралниот развој.

Со меморандумот, отпочнува и соработката во изнаоѓање на технички и финансиски ресурси за подобрување на секторот замејоделие во гостиварската општина.

Во претходно остварените контакти договорено е отворање регионален центар за поддршка и обука на фармерите. За таа намена гостиварската локална самоуправа ќе ја отстапи зградата во која беше сместена поранешната општина Вруток.

Извор: kurir.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …