Почетна / Вести Македонија / Дождот не ја спречи блокадата на патот Градско Прилеп

Дождот не ја спречи блокадата на патот Градско Прилеп

Дождот не ја спречи блокадата на патот Градско Прилеп кај Росоман од страна на лозарите кои четврти ден протестираат барајќи исплата на над 600 илјади евра за продаденото грозје во текот на изминатите неколку години.

– Имаме сознанија дека нашиот приговор до судот е прифатен и дека продажбата на винарската визба “Винеа” е поништена. Но сега чекаме на официјален документ. Очекуваме да дојдат газдите на “Винеа” кои исто така сакаа да се поништи продажбата и да кажат со која динамика планираат да ни го исплатат грозјето.

Претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство исто така би било добро да бидат присутни кога газдите на винаријата ќе се изјаснат како ќе тече намирувањето на обврските кон нас. Оти нас многу лесно можат пак да не изманипулираат винарите ако надлежните државни органи не бидат сведоци на ветувањата што ќе ни бидат дадени  околу исплатата на нашите побарувања-објасни лидерот на лозарите Љупчо Аризанов.

Лозарите кои не беа задоволни што винарницата била продадена за над милион и 250 илјади евра стравувајќи дека со тие пари ќе бидат обесштетени другите доверители но не и тие, рекоа дека остануваат на блокадата се додека не ги добијат своите пари. Додека беше блокиран патот, колони возила се формираа од двете страни.
Светлана Дарудова

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …