Почетна / Вести Македонија / Европа сака да ги унифицира семињата

Европа сака да ги унифицира семињата

Ако помине новата регулатива за која моментално се расправа во Европскиот парламент, на пазарите веќе нема да има домати и јаболка со неправилни форми.

Според новата европска регулатива, секој домашна сорта ќе мора да се регистрира, што, на пример, во Франција чини дури 12.000 евра, се планира забрана за извоз на такви сорти, а се одредува и дека на пазарот не смее да има повеќе од 10 отсто производи од вакво семе. Овој обид за регулирање на пазарот на семенски материјал, со воведување задолжителна сертификација со географски и со историски ограничувања при пласманот на домашните сорти ќе има спротивен ефект и ќе ги погоди малите, традиционални земјоделски стопанства, еколошките земјоделци и, секако, потрошувачите.

Ваквата уредба им годи на големите компании за производство на семиња, а ги уништува домашните сорти, предупредуваат експертите.

Во неколку земји (Австрија, Германија, Велика Британија, Словенија) се потпишува петиција против ова уредба. Цивилните организации препорачуваат дека помалку разноликост значи и послаб квалитет на храната и дека со неа всушност единствено се штитат интересите на големите производители на семиња.

Илјадници европски граѓани бараат од своите парламентарци и повереници во Брисел да се спротивстават на ваквата директива за семињата.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …