Почетна / Вести Свет / Производите на „Дукат“ ќе поскапат за 10 до 15 отсто

Производите на „Дукат“ ќе поскапат за 10 до 15 отсто

Најавеното поскапување на млекото и на млечните производи на „Дукат“ во Хрватска за 10 до 15 отсто не се случува случајно, тврдат претставниците на хрватските сточари.

– Француските сопственици на „Дукат“ знаат дека нереално високата цена на домашното хрватско млеко ќе ги одбие купувачите. Поради тоа, сметаат дека тие ќе „полетаат“ кон рафтовите во 2015 година по укинување на квотите за увоз на млеко кога „Лакталис“ ќе почне да увезува евтино француско млеко со непознат квалитет. Што ќе се случи тогаш со домашната млечна индустрија, на која истовремено постојано ~ се намалуваат откупните цени на млекото, не е тешко да се претпостави – предупредуваат сточарите.

Kако што пренесуваат хрватските медиуми, млечната индустрија „Дукат“ ќе ги зголеми цените на дел од своите производи, што од компанијата го објаснуваат со порастот на трошоците, особено поради растот на цените на енергентите.

– „Дукат“, за жал, е присилен да изврши корекција на цените на дел од асортиманот, што е последица на вртоглавиот раст на влезните трошоци и особено на цените на енергентите – соопштија од компанијата. Меѓутоа, не одговорија на прашањето колку ќе поскапат производите, а медиумите, повикувајќи се на неслужбени извори, најавуваат дека станува збор за поскапувања во просек од 10 отсто. Па, така, од средината на овој месец свежото млеко на „Дукат“ ќе поскапи во просек за 10 до 12 отсто, трајното од 2 до 16 отсто, јогуртот од 8,5 до 15,6 отсто, а според некои најави, најмногу би поскапеле овошните јогурти, за повеќе од 20 отсто.

Ова што моментално се случува со млечната индустрија ја подигна на нозе целата прехранбена индустрија во Хрватска, на која, се чини, ~ се закануваат црни денови.

Имено, со укинување на царините на храна од ЕУ (од јуни годинава), трговците полиците ќе ги пополнат со евтина увозна стока, а домашните производители, поради големите давачки, немаат простор за намалување за да се задржат на пазарот. Веќе сега се потврдува дека странските трговски синџири во Хрватска („Лидл“, „Kауфленд“, „Интерспар“) тргнаа во жестока кампања за привлекување купувачи со евтина увозна стока, па познавачите на работите очекуваат помор на домашните семејни фирми во заемјоделско-прехранбената индустрија. Иако поради падот на цените, купувачите краткорочно ќе профитираат, на долг рок ќе ги има с` помалку зашто ќе пропаднат фирмите во кои работат, па и поевтините увозни производи на крајот нема да има кој да ги купува. Ситуацијата би била многу поздрава кога би поевтиниле хрватските производи, што нема да се случи.

– Ни следува примерот на Унгарија, во која со влезот во ЕУ цените на храната паднаа за 30 до 40 отсто. Поради тоа, најмалку 25 отсто на фирмите во прехранбената индустрија ќе банкротираат, а уште толку ќе ги сменат сопствениците – велат познавачите.

Бидејќи во прехранбена индустрија на Хрватска работат приближно 25.000 луѓе, тоа значи дека околу 11.000 ќе останат без работа. Соочени со губење на приходите, малку ќе им значи што странските прехранбени производи ќе може да ги купат поевтино.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …