Почетна / Вести Македонија / Домашните домати двојно поскапи од увозните банани

Домашните домати двојно поскапи од увозните банани

Според податоците на Државниот завод за статистика најголем пораст на цените на земјоделските производи на зелените пазари во март 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај црвените домати, компирите и лимоните. Најголемо намалување, пак, имало кај лукот и зелката.

Зеленчукот и овошјето на зелените пазари во Скопје во март биле поскапи во однос на февруари, покажуваат анализите на Државниот завод за статистика. Податоците говорат дека граѓаните минатиот месец за килограм ориз плаќале од 60 до 70 денари, а црвените домати се продавале за 100 до 115 денари. Килограм компири чинеле 25 до 29 денари, а цените зависат од пазарот на кој се купуваат производите. Цените на пазарите покажуваат дека од пазарот Буњаковец, Зелениот пазар и Бит пазар најскап е оној во Буњаковец додека останатите два имаат слични цени и можеби за нијанса поевтино е на Бит пазар. Токму затоа дел од граѓаните патуваат и подалеку до некој пазар само да се снабдат со поевтина храна. Особено кога се бесплатните денови за возење во автобусите гужвата по поевтините пазари е очигледна.
-Јас живеам во Карпош, но сепак на пазарење одам до Бит пазар, бидејќи сите продукти коишто ги пазарам за неколку денари се поскапи во Буњаковец, изјави Д.М.

Граѓаните се жалат дека во континуитет се зголемува цената на зеленчукот и овошјето и велат дека не им претставува проблем да патуваат повеќе за да купат поевтини производи, а и да се видат со пријателите.
– Јас сум пензионер, живеам во Хиподром, а кога пазарам, одам до Зелениот пазар или Бит пазар, поевтино е таму, а и денот ми е целосно исполнет. Додека пазарам, се среќавам со пријатели, разговараме и денот побрзо ми поминува, објаснува пензионерот од Хиподром, Р.В.

И цените на овошјето во март се зголемиле споредено со претходниот месец. Граѓаните портокалите ги плаќале по 40 наместо 38 денари, како во февруари, бананите поскапеле на 52 денари, а во февруари чинеле 49.

Според податоците на Државниот завод за статистика најголем пораст на цените на земјоделските производи на зелените пазари во март 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај црвените домати, компирите и лимоните. Најголемо намалување, пак, имало кај лукот и зелката.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …