Оваа година има голема понуда на јагнешко од Кавала или од реонот на Халкидики кое го продаваме речиси за 7 евра за килограм. Но, јагнето од ФИРОМ е многу барано поради пониската цена. Секое евро денес многу му значи на нашиот граѓанин, па затоа и јагнето од ФИРОМ е многу барано, ни рече еден пазарџија кој беше најгласен во привлекувањето на муштерии на пазарот во Солун.
Елате, елате…. на јагне-цицалче од ФИРОМ…со овие зборови продавачите на месо на пазарот во Солун ги повикуваат купувачите да си набават јагнешко. Велат дека солунци го бараат јагнето-цицалче од ФИРОМ како алва, не само поради пониската цена од 5,95 денари за килограм, туку и поради квалитетот.
– Оваа година има голема понуда на јагнешко од Кавала или од реонот на Халкидики кое го продаваме речиси за 7 евра за килограм. Но, јагнето од северниот сосед е многу барано поради пониската цена. Секое евро денес многу му значи на нашиот граѓанин па затоа и јагнето од ФИРОМ е многу барано – ни рече еден пазарџија кој беше најгласен во привлекувањето на муштерии на пазарот во Солун.
Тој не знаеше зошто грчките прекупци досега немале интерес за јагнето од Македонија, но дека ниската откупна цена кај нас го направила есапот.
Во Македонија, пред претстојниот православен Велигден килограм јагнешко се движи од 310 до 330 денари. Сточарите се незадоволни од откупната цена од околу 150 денари за килограм жива мера. Велат дека некои машките јагниња морале да ги продадат, а женските јагниња ќе ги остават за дамазлак.
Сточарот Осман Исмани од Тетово вели дека едвај успеал да продаде половина од јагнињата иако е незадоволен од цената.
– За Велигден не верувам дека ќе се качи цената. Нема цена за Македонија, кој ќе јаде јагне, никој не зема, слабо е нема народ пари – вели сточарот Исмани.
Во велешко за католичкиот Велигден само десетина илјади јагниња завршија на трпезите во Италија, Хрватска и Словенија., а отприлика толку им останаа непродадени. Дел ќе остават за зголемување на стадата, но, со останатите не знаат што да прават. Тие се надеваат дека за православниот Велигден ќе продадат дел од младите јагнињата. Поголемите пак, велат дека ќе ги нудат на трговците по далеку пониска цена за извоз во некои од земјите од Блискиот Исток.
Извор: vecer.com.mk