Винарската визба Винеаа почна со исплата на грозјето од реколтата 2009, 2010 и 2011, тоа е добар чекор, но динамиката не е соодветна, рече министерот за земјоделство, Љупчо Димовски во Росоман.
– Крајниот рок за исплата на грозјето од 2012 година е 30 април. За претходните години исплатата требаше да заврши до 5 март. Имаше тешкотии околу обезбедувањето на финансиските средства, такви се моите информации од винарската визба. Во контакт сум со претставниците на лозарите кои потврдуваат дека исплатата почнала. Сега динамиката треба да се забрза – истакна Димовски. Тој очекува договореното меѓу лозарите и претставниците на Винеаа да се испочитува во целост. Во спротивно, нагласи, ќе се преземат соодветни мерки.
Извор: vecer.com.mk