Почетна / Вести Македонија / Царината ќе работи во две смени поради грозјето

Царината ќе работи во две смени поради грозјето

Царинската експозитура од Kавадарци од вчера работи во две смени поради извозот на грозје, соопшти лидерот на лозарите Љупчо Аризанов.

– Царинското работење оди во прилог на лозарите и поради извозот на грозје од земјава се одлучи на ваков чекор, што е за поздравување. Нема да се чека наредниот ден и извозот ќе тече без проблеми. Има огромен интерес од странските земји за извоз на нашето грозје бидејќи во некои од тие земји мразот го обра грозјето, а во други сушата зема данок од лозовите насади – рече Аризанов.

Тој соопшти дека само преку царинската експозитура во Kавадарци досега се извезени околу два милиона килограми десертно грозје, како и приближно 300 тони винско грозје.

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …