Почетна / Вести Македонија / Регулиран увозот на машини за производство на храна

Регулиран увозот на машини за производство на храна

Секој деловен субјект што сака да пласира на пазарот во земјава, да произведува, увезува или да употребува во своето производство супстанции, машини за преработка, технолошки процеси, процеси на рециклирање или материјали или производи што доаѓаат во контакт со храната треба да поднесе барање за авторизација до Агенцијата за храна и ветеринарство.

Агенцијата во исто време дава и мислење или одобрение, со цел да се утврди и да се води евиденција на авторизирани, одобрени супстанции, машини за преработка, технолошки процеси, процеси на рециклирање или материјали или производи што доаѓаат во контакт со храната и да врши мониторинг над истите.

Ова се прави со цел да се усогласат деловните субјекти со прописите од областа на безбедност на храната, која ги опфаќа и материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната, односно нивното производство и увоз, утврдени во Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната. Барањето за добивање одобрение и списокот со потребната документација може да се најде на веб-страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство. Барањето треба да се достави директно до Агенцијата, а не преку подрачните единици. (В.А)

Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …