Болеста “син јазик”, од која заболуваат овците и козите, е потврдена во Малешевијата. За ова вирусно заболување, кое не се пренесува на луѓето, не постои ниту вакцина ниту специфична терапија.
-Единствено што можеме да преземеме и е по препорака на Агенцијата за храна и ветеринарство е подигање на имунитетот кај единките, односно внесување на високи дози витамини – изјави Крсте Митев, директор на Ветеринарна станица – Штип.
“Син јазик” е болест која се пренесува преку комарците и како резултат на тоа доаѓа до отекување на главата, лигавење, намалување на апетитот и зголемена температура кај инфицираните животни.
-Сите држатели на овци и кози се задолжуваат доколку забележат такви симптоми кај овците веднаш да се јават кај нас во ветеринарната станица за да би можеме да направиме преглед на самото место – изјави Митев.
Болеста е евидентирана и потврдена и во соседството, поточно во Грција и во Бугарија, поради што во Беровско веќе се упатија консултанти од Агенцијата за храна и ветеринарство за да ја утврдат фактичката состојба на заболениот добиток.
Извор: vecer.mk